About Us/ За нас

Нашата приказна | Verbion Edu
Нашата приказна

Основачките на Вербион ЕДУ- Верица Димова & Бранкица Иванова

Петнаесет години на иста катедра, дваесетина години наставно и преведувачко искуство зад секоја од нас — и една заедничка идеја за тоа како треба да изгледа учењето англиски јазик.

0
години искуство
0
години заедно како лекторки
B2B & B2C
компании и поединци

Пред петнаесет години застанавме пред исти студенти, на иста катедра, како лекторки по англиски јазик на Меѓународниот балкански универзитет. Оттаму започна нашето заедничко патување — патување кое денес нè доведе до Вербион Еду.

Ние сме Верица и Бранкица. Петнаесет години работевме заедно на универзитетот, а паралелно со тоа, како и пред и потоа, држевме обуки за приватни компании и изработувавме преводи за домашни институции. Секое од тие искуства оставило свој белег и нè научило нешто ново за тоа како луѓето навистина учат јазик.

Најголемата лекција дојде од работата со компании кои бараат брзи и мерливи резултати. Токму таму сфативме дека класичната настава по учебник ретко одговара на реалните потреби на еден тим. Тоа беше поттик да почнеме да развиваме наставни програми скроени според конкретна индустрија. Направивме платформа со која го тестираме и проценуваме знаењето пред и по обуките и гледавме како вработените стануваат посигурни на англиски за само неколку месеци.

Имаме работено и со поединци — студенти кои се подготвувале за студии во странство, професионалци на кои им бил потребен академски англиски за истражувачки трудови, луѓе на кои им бил потребен специјализиран јазик за својата струка. Секој случај барал поинаков пристап. Затоа почнавме да развиваме сопствени методологии, комбинирајќи современи дигитални алатки со проверени техники од учебната сала.

Прецизноста не е детаљ. Таа е она по што нè препознаваат.

Имамаме соработувано со домашни институции и меѓународни организации, а тоа искуство нè научи колку е важна прецизноста — во преводот, во деловната кореспонденција, во секој документ каде грешката чини повеќе од времето потребно да се избегне. Оттука дојде и нашата определба: работата со деловниот англиски јазик, преводите и толкувањата никогаш да не се третираат како рутина, туку како одговорност.

Верица и Бранкица, основачки на Verbion Edu
Верица Бранкица

основачки на Verbion Edu

Verbion Edu е местото каде го споивме сето тоа искуство. Наместо генерички курсеви, ги градиме програмите околу луѓето и компаниите со кои работиме. Комбинираме дигитално образование со лично внимание, а секоја програма поминува низ иста проверка: дали навистина носи резултат, а не само чувство дека нешто е научено.

Компаниите со кои работиме знаат дека зад секоја обука стои некој кој веќе седел во нивната позиција — некој кој знае како изгледа деловен состанок на англиски, испит за меѓународна сертификација или преговор со странски партнер. Токму тоа искуство е нашата гаранција, не празно ветување.

допрете на ознака за да ја истакнете областа што најмногу ве интересира

Verbion Edu не почна од нула.

Денес, целото тоа искуство знаење и љубов кон образованието и професионалната надградба живее во Вербион ЕДУ-местото каде јазиците стануваат животни вештини.

Scroll to Top